еМагазин
Image default
Да помогнеме

На малата Бела Кузев потребна ѝ е голема помош, за да се спречи настанување церебрална парализа

Среќно и безгрижно детство без здравствени проблеми е желба на секој родител и згрижувач на секое дете.

Малата Бела Кузев уште од најрана возраст се соочува со висок ризик за настанување на една од најстрашните непријатели во денешно време – церебрална парализа.

На малата Бела потребна ѝ е голема помош, затоа секоја донација е добредојдена, без разлика колку е голема, тоа е чекор напред во борбата со оваа болест.

Со напредокот на технологија во медицината и за среќа постои надеж со рана интервенција Бела да се развива како здраво дете, а за тоа е потребна долготрајна и интезивна рехабилитација во поликлиниката во Загреб.

Пропратени со редовни контроли и мултидисциплинарно следење на состојбата, константни вежби, како што е и наведено во препораката од „Поликлиниката за физикална медицина и рехабилитација“ од Загреб, се шансата Бела да продолжи да го живее животот како и секое друго дете.

Да ја покажеме хуманоста и човечноста уште денес за овој мал борец, и заеднички да помогнеме и придонесеме со донирање за лекувањето на Бела.

Кај заболените од церебрална парализа и оние кои се под голем ризик за развој на оваа болест, од огромна важност е со рехабилитацијата да се започне што порано со цел да се подобри состојбата и да се овозможи нормален живот.

Секој може да донира преку повик на мобилен телефон или преку уплата на банкарска сметка.

Броевите и трансакциската сметка за донации се следните:

А1- 143 476

Телеком- 143 142

Трансакциска: 270 7000655378 05

Халк Банка Бела Кузев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз Ер“ скопски маратон преку партнерство со GivenGain цели кон поддршка на оние кои им треба помош

Редакција

Благојче Стојанов од Штип има тумор на мозокот, потребни се средства за операција во Турција

Редакција

Последен пат виден на „Табановце“: Семејството трет месец го бара 39-годишниот Александар Черговски од Берово

Редакција