еМагазин
Image default
Бизнис

Македонски Телеком за девет месеци ја зголеми нето добивката за 16,8 отсто

Македонски Телеком бележи позитивни трендови во првите девет месеци од работењето.

Приходите од продажба бележат зголемување за 1,7 отсто, зголемена е профитабилноста, а компанијата континуирано има пораст на бројот на корисници  на широкопојасен интернет и во IPTV сегментот.

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) за првите девет месеци од 2018 година е зголемена за 6,7 отсто во споредба со истиот период од претходната година, додека нето добивката бележи раст од 16,8 отсто.

Пораст на бројот на корисници на широкопојасен интернет и IPTV, ширење на оптичката мрежа

По одреден период на стагнација, почнувајќи од минатата година компанијата бележи позитивен пресврт на трендот на движење на корисниците на широкопојасен интернет.

На крајот од првите девет месеци од 2018 година, вкупниот број на корисници  на широкопојасен интернет е зголемен за 1,7 отсто споредено со истиот период минатата година и изнесува 192,7 илјади.

Продолжува трендот на зголемување и на IPTV корисници (вклучувајќи Magenta 1, Интернет&ТВ и други ТВ услуги) за 8,7 отсто во споредба со истиот период од претходната година што резултира со база од 124,1 илјада корисници на крајот од првите девет месеци од 2018 година. Според интерните проценки, Македонски Телеком има 29,7 отсто удел од вкупниот ТВ пазар.

Македонски Телеком продолжи со инвестициите во оптичката мрежа насекаде низ државата за да ја донесе најнапредната технологија поблиску до корисниците, со што има пораст на семејствата покриени со оптички пристап од 11 отсто, споредено со истиот период од минатата година.

Па така, како резултат на континуираното ширење на оптичката мрежа, на крајот од првите девет месеци од 2018 година, дури 30 отсто од домаќинствата во Македонија имаат пристап до оптика од Македонски Телеком и можност за користење на супер брз интернет.

Зголемен уделот на пост пејд претплатници во мобилната мрежа, пораст на приходите од неговорни услуги

Во првите девет месеци, Македонски Телеком успеа да го зголеми уделот на постпејд претплатници во сопствената мобилна мрежа. Па така, на крајот од првите девет месеци од 2018 година компанијата има 1.236 илјади претплатници или удел од 49 отсто на пазарот на мобилната телефонија, според интерна проценка.

Приходите од неговорни услуги на крајот од првите девет месеци од 2018 година се зголемени за 12,6 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен Интернет и поголем GPRS сообраќај, како и зголеменото користење на податочни тарифни модели.

„Македонски Телеком оствари одлични финансиски резултати, кои се во континуиран пораст во однос на истиот период минатата година. Успеавме да го зголемиме уделот на постпејд претплатници во сопствената мобилна мрежа, а како резултат на атрактивните понуди во летниот период, остваривме значителен успех и во припејд сегментот.

Нашата стратешка иницијатива за забрзување на фиксниот сегмент и овозможувањето атрактивни и ексклузивни ТВ содржини, придонесе за раст на корисниците на фиксен широкопојасен интернет и зголемување на бројот на Magenta 1 корисници, единствен конвергентен продукт којшто е креиран согласно потребите на сите членови на семејството.

Како предводници на дигиталната транформација, во наредниот период ќе се фокусираме на обезбедување иновативни производи и услуги, со цел да ги задоволиме потребите и барањата на нашите корисници. Очекуваме дека  годината ќе ја завршиме според планот и ќе го потврдиме трендот на раст на финансиските резултати“, изјави главниот извршен директор на Македонски Телеком, Никола Љушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во две блок трансакции продадени акции од Комерцијална банка

Никола Осило

Радовишките производители на сливи бараат по пет денари обештетување од државата

Редакција

Граѓаните жедни за кредити, компаниите сити за нови задолжувања

Никола Осило