еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Македонските граѓани без работна дозвола ќе можат да работат во Србија и Албанија

Со 62 гласа „за“, без ниту еден против и воздржан, Собранието денеска, во рамки на 84. седница, го донесе Законот за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан.

Пратениците, исто така со 62 гласа „за“, без ниту еден против и воздржан, му дадода поддршка и на Законот за ратификација на Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан.

Со договорите потпишани во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ се овозможува отстранување на работните дозволи и слободен пазар на труд за граѓаните на Македонија, Србија и Албанија.

Со  договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот, им се овозможува да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци.

Договорот за услови за интерконекција на шеми за електронска идентификација, пак, предвидува пристап до електронските услуги на националните портали на трите држави преку креирање електронска идентификација „Отворен Балкан“ за остварување на можноста за пристап до пазарот на труд во тие држави.

Договорите беа потпишани на 21 декември 2021 година во Тирана од лидерите на трите земји од иницијативата „Отворен Балкан“, тогашниот премиер Зоран Заев, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скоро половина од возрасните во Македонија пушат цигари

Редакција

Филипче: Владата утре на седница ќе дискутира за предлогот за евентуална рестрикција на движењето

Редакција

Идентификацијата на загинатите во несреќата во Бугарија ќе трае најмалку седум дена

Редакција