еМагазин
Image default
Бизнис

Макошпед со зголемена добивка во првите три месеци

Макошпед АД Скопје за периодот јануари – март 2022 година оствари добивка од 3.327 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех и добивка во износ од 3.475 илјади денари искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, која е за 13% повисока во однос на истиот период мината година, информираат од таму преку Македонската берза.

Остварените вкупни приходи за периодот јануари – март 2022 година изнесуваат 21.670 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2021 година бележат зголемување од 3%.

Оперативните приходи изнесуваат 21.661 илјади денари и бележат зголемување од 3% во однос на оперативните приходи за истиот период 2021 година.

Финансиските приходи изнесуваат 9 илјади денари, додека во 2021 година друштвото нема остварено финансиски приходи.

Вкупните расходи за периодот јануари – март 2022 година во износ од 18.343 илјади денари бележат зголемување од 3% во однос на вкупните расходи за истиот период 2021 година.

Оперативните расходи во периодот јануари – март 2022 година изнесуваат 18.308 илјади денари и бележат зголемување од 4% во однос на истиот период 2021 година.

Финансиските расходи изнесуваат 35 илјади денари и се за 45% пониски од финансиските расходи за истиот период 2021 година.

Остварените консолидирани вкупни приходи за периодот јануари – март 2022 година изнесуваат 24.875 илјади денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период 2021 година бележат зголемување од 8%.

Консолидираните оперативни приходи за периодот јануари – март 2022 година изнесуваат 24.886 илјади денари и бележат зголемување од 8% во споредба со остварените оперативни приходи за истиот период 2021 година  .

Консолидираните финансиски приходи изнесуваат 9 илјади денари додека во 2021 година друштвото нема остварено финансиски приходи.

Консолидираните расходи за периодот јануари – март 2022 година се во износ од 21.400 илјади денари и бележат зголемување од 7% во однос на вкупните расходи за истиот период 2021 година.

Консолидираните оперативни расходи во периодот јануари – март 2022 година изнесуваат 21.365 илјади денари и бележат зголемување од 7% во однос на истиот период  2021 година.

Консолидираните финансиски расходи изнесуваат 35 илјади денари и се 45% пониски од финансиските расходи за истиот период 2021 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макошпед лани работел со зголемена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет најниски нето плати во јуни

Редакција

ЕБОР за годинава ни предвидува најмал раст на економијата во регионов од само 2%

Редакција

Истражување: Членови на управните и надзорните одбори на државните претпријатија, „дувла“ на партиски кадри

Редакција