еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од 10 мај ВМРО ДПМНЕ почнува со блокада на Собранието која ќе трае до договарање на датум за предвремени избори

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница донесе заклучок да се пристапи кон активна блокада на работата на Собранието, која ќе стапи на сила на 10 мај и подразбира блокада на сите штетни законски решенија и прописи што доаѓаат од Владата на СДСМ и на ДУИ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Оваа активна блокада, најави тој, ќе трае во континуитет се до промената на власта односно се до договорот за датум за предвремени парламентарни избори.

Според Николоски, ова е еден од првите чекори, а во наредните денови ќе продолжат разговорите во рамки на телата на партијата за преземање идни чекори, при што сите опции се на располагање доколку продолжи, како што рече, неразумноста на СДСМ и на ДУИ.

Дотогаш, нагласи тој, ВМРО-ДПМНЕ бара коалицијата СДСМ и ДУИ да го преиспита своето однесување и да ја прифати, рече, подадената рака за дијалог и организација на лидерска средба на која ќе се договориме за датум за предвремени избори и ќе ги отвориме најбитните сектори за кои ВМРО – ДПМНЕ понуди тимови, а тоа се финансии, здравство, образование и меѓународните односи, европските интерграции и за Бугарија.

–  Топката сега е кај СДСМ и кај ДУИ. Да донесат правилна одлука, да седнеме на лидерска средба, да го дефинираме датумот за предвремени избори и да наоѓаме решенија за најклучните проблеми во Македонија, порача Николоски.

Тој ги повика СДСМ и ДУИ да го преиспитаат своето однсеување и, како што исткана, ВМРО -ДПМНЕ ќе оди по овој пат се до конечно менување на „грдата“ реалност затоа што тоа им го должат на граѓаните.

Апелираше до јавноста да биде трпелива затоа што, појасни, ова е процес што ќе трае и бара сеопшта мобилизација.

На новинарско прашање зошто одбрале ваков тајминг, Николоски меѓу другото потенцира дека власта добила доволно време и шанса, а за 100 дена оваа влада не покажала ништо.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерката Мизрахи и казна ќе плати, ама таблата со Република Македонија не ја менува

Редакција

Вкупно 8.062: Од Ковид-19 починале 3 лица, дополнително пријавени уште 4

Редакција

(Фото) Во Африка почина инфлуенсерката и мејкап артистка Маја Миа од Охрид

Редакција