еМагазин
Image default
Бизнис

Макошпед во првиот квартал со добивка

Макошпед АД Скопје за периодот јануари – март 2023 година оствари добивка од 1.687 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех и добивка во износ од 1.847 илјади денари искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи за период јануари – март 2023 година изнесуваат 15.256 илјади денари и бележат намалување од 30% во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2022 година.

Оперативните приходи изнесуваат 13.389 илјади денари и бележат намалување во однос на оперативните приходи за истиот период 2022 година.

Финансиските приходи изнесуваат 1.867 илјади денари и бележат значителен раст во однос на истиот период во 2022 година.

Вкупните расходи за период јануари – март 2023 година во износ од 13.569 илјади  денари бележат намалување во однос на вкупните расходи за истиот период 2022 година.

Оперативните расходи во периодот јануари – март 2023 година изнесуваат 13.516 илјади денари и бележат намалување од 26% во однос на истиот период 2022 година.

Финансиските расходи изнесуваат 53 илјади денари.

Остварените консолидирани вкупни приходи за период јануари – март 2023 година изнесуваат 18.248 илјади денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период 2022 година бележат намалување од 26%.

Консолидираните оперативни приходи за период јануари – март 2023 година изнесуваат 16.381 илјади денари и бележат намалување во споредба со остварените оперативни приходи за истиот период 2022 година.

Консолидираните финансиски приходи изнесуваат 1.867 илјади денари и бележат раст во однос на 2022 година.

Консолидираните расходи за период јануари – март 2023 година се во износ од 16.401 илјади денари и бележат намалување од 24% во однос на вкупните расходи за истиот период 2022 година.

Консолидираните оперативни расходи во периодот јануари – март 2023 година изнесуваат 16.348 илјади денари и бележат намалување во однос на истиот период  2022 година.

Консолидираните финансиски расходи изнесуваат 53 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Генералниот директор на Макошпед лани имал плата од 1,2 милион денари бруто

Лидија Трајковиќ поднесе оставка од Одборот на директори на Макошпед

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Се укинува обврската отворените инвестициски фондови да се основаат со капитал од 300.000 евра

Редакција

„Виз ер“ го доби првиот авион Airbus A321neo од Кина

Редакција

Рекордни цени на горивата: Бензините ќе се продаваат за 104 и 106,50 денари за литар

Редакција