еМагазин
Image default
Бизнис

„Макпетрол“ АД Скопје овозможи онлајн нарачки и плаќање на екстра лесно масло за домаќинство EL-1

Компанијата „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи дека отсега може да нарачуваат и купуваат екстра лесно масло за домаќинство EL-1 преку онлајн платформата на компанијата достапна на следниот линк.

Плаќањето на нарачаните количини екстра лесно масло за домаќинство EL-1 се врши онлајн, а доставата е директно на адресата што ја навел потрошувачот.

Покрај онлајн нарачките и уплатата, „Макпетрол“ од 17 октомври започна и со физички прием и достава на документација за екстра лесно масло за домаќинство EL-1, секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот.

Продажбата оваа година се врши преку складовите на „Макпетрол“.

Детални информации околу уплатата и испораката на екстра-лесното масло за домаќинство според местото на живеење потрошувачите можат да најдат на следниот линк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на Гранит, Зоран Милковски купи 3.247 обични акции

Редакција

Банкарскиот систем е здрав и стабилен, велат од Народна банка

Редакција

Шест години во континуитет, компанијата dm drogerie markt со двоцифрен развој на прометот

Редакција