еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Макпетрол со добивка во првите девет месеци

И покрај сите предизвици, во текот на првите девет месеци од 2023 година, Макпетрол АД оствари позитивни резултати кои ги надминаа планираните, иако приходите и добивката забележаа пад, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Во текот на 2023 година, Макпетрол АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 22,83 милијарди денари, кој е помал од минатогодишниот за 5,05 милијарди денари, односно остварен е пад од 18,12%.

Падот на приходите, споредбено со минатата година, во најголем дел се должи на намалените приходи на големо за 55,39%, а истите учествуваат со 13,33% во приходите од продажба.

Главни причини за намалување на приходите на големо се падот на продажбата на природен гас од 35,53%, како и падот на продажбата на млазно гориво од 48,5%.

Во текот на првите девет месеци од 2023 година, при неповолни економски услови, Друштвото како потврден лидер на малопродажниот пазар го зголеми количинскиот промет со нафтени деривати на мало за 6,73%.

Во согласност со стратегијата, а со цел задоволување на потребите на потрошувачите кои се секогаш во фокусот, Друштвото го прошири малопродажниот асортиман кој се нуди на бензинските станици, а прометот со истиот се зголеми за 16,27%.

Но, и покрај зголемувањето на количинскиот промет, приходите на мало бележат пад од 6,07% како резултат на намалувањето на цените на нафтените деривати на светските берзи, кои како набавни цени зафаќаат најголем дел од малопродажната цена на дериватите.

Расходите за набавна вредност на трговски стоки, односно набавните цени, се расходи врз кои Друштвото има лимитирано влијание. Истото се должи на регулирањето на најголем дел од набавните цени на нафтените деривати.

Доколку набавната цена на одреден дериват не е регулирана, истата зависи од комплетно екстерни глобални фактори и движења, како што се цените на нафтените деривати на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот

Во периодот од 01.01 до 30.09.2023 година Друштвото од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 744,14 милиони денари, наспроти остварената во истиот период минатата година која изнесуваше 1,04 милијарди денари.

Намалувањето на добивката пред оданочување од 297,57 милиони денари или 28,57% во најголем дел е резултат на намалената големопродажба на енергенси од 35,86%, како и на нестабилноста на цените на нафтата на светските берзи.

Дополнително врз падот на добивката значајно влијае и покачувањето на платите на вработените со цел надминување на економската криза и подобрување на животниот стандард на вработените, кои се најголемата сила и движечка енергија на Макпетрол, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) „Макпетрол“ го поддржа новиот детски парк во Општина Илинден со хортикултурно уредување

Уплатата и испораката на екстра-лесно масло за домаќинства EL-1 од „Макпетрол“ почнува на 16 октомври

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денот кога селективната амнестија стана европска вредност

Редакција

Русија се враќа во договорот за извоз на жито

Редакција

Доктор Кунгуловски објаснува за ефикасноста на вакцините за омикрон сојот

Редакција