еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Денот кога селективната амнестија стана европска вредност

Сложно како да се сите од иста партија, пратениците во македонското Собрание вчера со 95 гласови за и ниту еден против го изгласаа Законот за амнестија со кој се предвидува и уредува начинот на ослободување од кривично гонење, запирање на поведените кривични постапки, ослободување од извршување на условна осуда, и ослободување од издржување на казната затвор на лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Како основната цел на законот за амнестија е наведено „помирување преку надминување на поделбите во општеството кои произлегуваат или се во врска со инцидентот во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, а сето ова како процес за интеграција на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, системските реформи согласно европската агенда“.

Сосем друго прашање е што токму со овој „европски закон“ се подрива правниот систем за кој главни забелешки има токму од Европската Унија. Истовремено, се носи закон кој има сериозни недостатоци во однос на тоа кој може, а кој не може да подлежи на амнестија.

Имено, во законот се вели дека организаторите не може добијат амнестија, а се дозволува пратениците кои ги отворија вратите од Собранието да бидат амнестирани.

Исто така, се поставува прашањето кој е вистинскиот организтор на овој крвав настан и дали е воопшто во земјава?

Ваквото заобиколување на правдата и селективност со образложение дека се во прашање повисоки политички интереси дефинитивно во иднина може да и се „удри од глава“ на државата и Македонија да влезе во магичен круг во кој политичките елити кога ќе посакаат како џокер ќе го користат овој механизам за да избегнат соочување со законите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „полуде“ за Законот за амнестија: „Господа од СДСМ објавете јавно дека сте во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ“

Можно ли е Законот за амнестија да падне на Уставен суд?

Детален преглед: Што пишува во Законот за амнестија за крвавите настани во Собранието?

Едногласно, со големо мнозинство од 95 гласа ЗА, донесен Законот за амнестија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција

Пожарникарите повторно херои на денот: „Гори Скопска Црна Гора, но ќе ја победиме огнената стихија“

Редакција

СЗО: Јужна Америка е ново жариште на корона вирусот, расте бројот на заразени во Африка

Редакција