еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Максимум 4 лица од различни домаќинства може заедно во домашни услови да ја чекат Новата година

Максимум четири лица од различни домаќинства може заедно во домашни услови да ја чекат Новата година, велат од Министерството за внатрешни работи за еМагазин.

“Согласно Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен весник на РСМ, број: 298 од 16.12.2020 година) во точка 12 стои: – „Се забранува организација и одржување на прослави на јавни места и површини по повод престојните новогодишни и верски празници, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 година до 21 јануари 2021 година“.

Или, согласно заклучоците за дополнителни рестриктивни мерки во периодот од 18 декември до 20 јануари дадени на 30. Седница на Владата, на предлог на Комисијата за заразни болести, поддржани и од Главниот координативен штаб во услови на кризна состојба, тоа практично значи да нема групирање во домови по повод семејни прослави, слави и други собири, во групи на повеќе од четири лица кои не живеат во истата заедница или домаќинство“, велат од МВР за еМагазин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пештера Убавица: Заспаната убавица во средиштето на планината Буковиќ се разбуди

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Шокатни снимки од киднапирани Израелци од страна на Хамас

Редакција

Комерцијална банка за три месеци оствари добивка од 7 милиони евра

Редакција