еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза

Агенцијата за лекови МАЛМЕД денеска издаде одобрение за увоз на лекот „трикафта“ наменет за пациентите со цистична фиброза, потврди за МИА директорот на МАЛМЕД, Љирим Шабани.

Тој истакна дека се завршени сите процедури за одобрување на увозот на лекот и сега останува уште да се реализира постапката.

Согласно претходните најави од Владата, во случајов станува збор за интервентен увоз на „трикафта“ наменет за осумтемина најкритични пациенти заболени од цистична фиброза, додека за обезбедување на редовно снабдување со лекот за сите останати заболени потребни се законски измени.

Владата информира дека веќе е подготвен Предлог-закон за измена на правилата за јавни набавки, со кои би се овозможиле директни преговори меѓу државата и компанијата единствен производител лекот „трикафта“ и кој треба да биде усвоен од страна на Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лекот „трикафта“ за најкритичните пациенти со цистична фиброза ќе се набави најдоцна за еден месец

Одобрени над 2,2 милиона евра за лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет години „еМагазин“: Останавме независен медиум, кој е пазарно ориентиран и кој пласира проверени и точни информации

Редакција

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува и во Општина Битола

Редакција

Владата ја осуди иконографијата на концертот во чест на Курти, МВР ќе истражува кој го вееше знамето со карта на „Голема Албанија„

Редакција