На 26.01.2020 во 20.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„391“ во Скопје, по претходна расправија, 15-годишен малолетник бил физички нападнат со дрвен предмет од неговиот татко С.Т.(50) од Скопје, по што настанала физичка пресметка во која малолетникот со остар предмет ги нападнал неговиот татко и сестра А.Т.(22), која се обидувала да ги раздели, информира МВР.
Лицата биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.