еМагазин
Image default
ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

МАПАС од утре започнува со активности по повод 15 Септември – Ден за пензиската свесност

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) по повод Денот за пензиската свесност – 15 Септември, започнува низа активности, чија цел е едукација за тростолбниот пензиски систем и подигнување на свеста за потребата од навремена одлука за вклучување во задолжителните и доброволните пензиски фондови, покрај Фондот на ПИОСМ.

МАПАС преку различни активности сака да ја подигне свеста, особено кај младата популација, за потребата од навремено вклучување во тростолбниот пензиски систем и соодветно информирање на сите граѓани за најновите промени во регулативата што се однесува на капитално финансираното пензиско осигурување и следење на својата пензиска заштеда.

Покрај тоа, МАПАС се фокусира и на зголемување на интересот за информирање за правата и обврските на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови, како и за начините за добивање на навремени и релевантни информации за различните аспекти на членувањето во вториот и третиот пензиски столб.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Што треба да знаете за крипто-валутите и вложувањето во нив

Редакција

Граѓаните бесплатно и дигитално може да добијат извештај за кредитна изложеност

Редакција

Што мора да знаете пред да купите „Јунит Линкд“- животно осигурување кај кое парите се вложуваат во удели на инвестициски фондови

Редакција