еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Масовно се потпишува петција против изградба на кули кај „Холидеј ин“, се огласи и инвеститорот МГ Фешен

Граѓаните масовно се потпишуваат на петцијата против изградба на неколкуте висококатници на просторот кај паркингот кај хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.

Петицијата е упатена до Општина Центар, општинскиот Совет и до градоначалникот Саша Богдановиќ, до градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и Советот на Град Скопје и до Владата и до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Викендов се огласи и инвеститорот МГ Фешен:

“Со оглед на фактот што во медиумите во континуитет се споделуваат макети – разни визуелизации на проектот кој е предвиден да се гради на парцелата спроти Холидеј Ин, а дополнително на социјалните мрежи почна да циркулира он-лајн „Петиција против изградба на висококатници на парцелата спроти Холидеј Ин“ сакаме да ја информираме јавноста дека работиме на подготовка на презентација на проектот кој во текот на следната недела ќе го претставиме на организиран настан со медиумите.

На презентацијата точно, вистинито и целосно транспарентно ќе информираме за отпочнување на процесот на изградба на комплексот.

Визуелизациите кои се споделуваат на интернет и со кои се подгрева отпор кон проектот ни одблиску не кореспондираат со реалниот проект, неговата вистинска слика и вредност.

Сосема спротивно на она што се споделува, станува збор за модерен, целосно еколошки и енергетско ефикасен проект, изработен според највисоки еко стандарди и согласно сите законски прописи во земјата.

Наспроти 60-катните бетонски облакодери за кои претходно се информираше во јавноста, а кои воедно ги дозволува актуелниот ДУП за Градска Четврт Ц08, предвиден е урбан комплекс со многу јавно зеленило и објекти со тројно намалена катност од дозволената, каде ќе се применат најсовремени материјали и дизајн, достоен за 21 век.

Остануваме достапни и целосно отворени за соработка со медиумите. Во интерес на фактите и вистината, да ја информираме јавноста за комплексот онаков каков што тој навистина ќе биде“, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

37-годишен маж од Гевгелија е жртвата во сообраќајката на клучката кај Три Чешми

Редакција

Кина одбива да учествува во втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот

Редакција

(Фото) Двајца пратеници на АА во Куманово му дадоа поддршка на Таравари

Редакција