еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

37-годишен маж од Гевгелија е жртвата во сообраќајката на клучката кај Три Чешми

Возачот на автомобилот марка „голф“ со гевгелиски регистерски таблички загинал на местото при судир со тешко товарно возило на клучката кај Три Чешми, каде се спојуваат експресниот пат кон Штип и автопатот Штип-Миладиновци.

Станува збор за маж роден 1986 година во Гевгелија.

Автопатот Штип – Миладиновци е затворен и во двете насоки, додека трае увидот од страна на истражните органи. Сообраќајот од Штип кон Велес, Свети Николе и Скопје и во обратна насока се одвива по регионалниот пат.

Од почетокот на годината до сега на патиштата околу Штип загинаа три лица во тешки сообраќајни несреќи.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова најави дека во текот на денот ќе излезат со повеќе детали за сообраќајната несреќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има загинати: Утрово сообраќајка на автопатот Штип – Миладиновци

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со Синпекс вреден 2,3 милиони евра

Редакција

Масовна тепачка во Скопје: Пресметка на различни генерации

Редакција

Распишани претседателските избори, првиот круг е на 21.април

Редакција