еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Објавени списоците: Кои граѓани добија финансиска помош за справување со енергетската криза

Согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој Закон се објавени на веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Листите може да се видат ОВДЕ.

Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, како што соопшти МТСП, ќе бидат исплатени на 13-ти овој месец.

-На веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика се објавени корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, информираат од МТСП.

На веб-страницата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија е објавен список на корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување, а на веб-страницата на Агенцијата за вработување список на невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.

-Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.

Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта [email protected], велат од МТСП.

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб-страниците на Министерството за труд и социјална политика, на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и на Агенцијата за вработување по истекот на три дена од денот на објавувањето.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Тимчо Муцунски, новиот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Починаа осум лица од Ковид-19: Вкупната бројка достигна 2.530

Редакција

Блокадите од утре се „селат“ само пред бараките на Град Скопје

Редакција