еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Тимчо Муцунски, новиот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Тимчо Муцунски е избран за нов потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски и Димитриеска-Кочоска се нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ

Кој е Тимчо Муцунски

Муцунски е актуелен градоначалник на скопската Општина Аеродром.

На позицијата дојде како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Образование

Средно образование завршил во Отава, Канада.

Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 2009 година.

Во 2011 година станал магистер по право, а во 2019 година ги завршил и докторските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први”.

Работно искуство

Во 2009 година е избран за демонстратор на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Во 2015 година е избран за асистент – докторант на истиот факултет, а во 2019 година е избран за Доцент на научната област Римско право.

Тој е и ко-автор на два основни универзитетски учебници, во издание на Правниот факултет „Јустинијан први”, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” и тоа: Корпоративно управување (2014) и Право на игрите на среќа (2013).

Ко-автор е и на 20 научни и стручни трудови од областа на правните науки објавени во меѓународни научни списанија.

Политичка кариера

Од 2015 до 2017 година, Муцунски е заменик на министерот за информатичко општество и администрација.

Од 2018 година е избран за Меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2020 е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија.

Приватно

Муцунски е оженет за Симона, со која го имаат синот Иан.

Неговата сопруга е исто така правник и работи во банка.

Повеќе информации за неговиот приватен живот ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Каков имот пријавил Тимчо Муцунски, новиот градоначалник на Аеродром

Која е Гордана Димитриеска-Кочоска, новата потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Муцунски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 168 заразени со корона вирусот од 1.470 тестирања, најголем број во Скопје 83

Редакција

Највисок морталитет од корона вирусот во Струга, Тетово, Куманово и Скопје

Редакција

(Во живо) Повторно гужва на Богородица за влез во Грција

Редакција