еМагазин
Image default
Бизнис

ТТК Банка лани работела со добивка

Преку нејзиното редовно оперативно работење, ТТК Банка АД Скопје успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 154,2 милиони денари, кој е за 18,5% или 24,1 милиони денари повисок во однос на минатата година, како резултат на побрзиот раст на оперативните приходи во однос на оперативните трошоци, информираат од Банката во годишниот извештај за финансиското работење за минатата година, објавен преку Македонската берза.

“Во истиот период, исправката на вредност на финансиски и нефинансиски средства на нето-основа изнесува 103,2 милиони денари, што резултира со позитивен финансиски резултат за периодот од 1.1.2021 – 31.12.2021 година во износ од 44,6 милиони денари.

Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2021 до 31.12.2021 година изнесуваат 257,5 милиони денари и бележат намалување од 4,4% во однос на истиот период минатата година.

Планираните нето-приходи од камати се остварени со 93,7% од Буџетот.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 194,1 милиони денари и бележат зголемување за 31,4% во однос на минатата година, кое се должи во најголем дел од зголемените приходи од провизии од домашниот платен промет, како и од провизиите од картично работење и од брокерско работење.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги ги надминуваат планираните за овој период за 6,5%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 11,1 милиони денари и бележат годишен раст од 16,7%. Во однос на планот се остварени со 113,3%.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 30,9 милиони денари и се пониски за 25,1% во однос на минатата година, како резултат од пониски приходи од реализирани дивиденди, како и од помал износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 345,9 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 4,0%, како резултат во најголем дел од повисоките материјални и административни трошоци. Во однос на планот се остварени со 97,4%.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 102,7 милиони денари, како резултат на ефектот од влошување на состојбата на одредени комитенти од корпоративно кредитно портфолио.

Во текот на 2021 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 0,4 милиони денари“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТТК Банка со добивка во првите девет месеци

Колкав е уделот на Тетекс во добивката на ТТК Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оперативно-техничката агенција за 5.000 евра месечно ќе се смести во простории на Македонски Телеком

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите, воздухопловците и фармацевтите на врвот

Редакција

Општините лани потрошиле 40% помалку пари за украсување за Нова Година

Редакција