еМагазин
Image default
Бизнис

ТТК Банка со добивка во првите девет месеци

Преку нејзиното редовно оперативно работење, ТТК Банка во првите девет месеци од годинава успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 119,9 милиони денари, кој е за 18,6% или 18,8 милиони денари повисок во однос на истиот период минатата година, како резултат на побрзиот раст на оперативните приходи во однос на оперативните трошоци, информираат од Банката преку Македонската берза.

“Во истиот период, исправката на вредност на финансиски и нефинансиски средства на нето-основа изнесува 81,9 милиони денари, што резултира со позитивен финансиски резултат за периодот од 1.1. – 30.9.2021 година во износ од 38 милиони денари.

Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2021 до 30.9.2021 година изнесуваат 193,6 милиони денари и бележат намалување од 4,3% во однос на истиот период минатата година.

Планираните нетоприходи од камати се остварени со 94,9% од Буџетот.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 143,3 милиони денари и се зголемени за 44,9% во однос на минатата година.

Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизија има зголемениот обем на трансакции во платниот промет во земјата, како од секторот население, така и од секторот стопанство, како и провизиите коишто потекнуваат од кредитирањето и картичното работење.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги ги надминуваат планираните за овој период за 7,5%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 8 милиони денари и бележат годишен раст од 18,4%. Во однос на планот се остварени со 113,4%.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 23,5 милиони денари и се остварени со 50,7% од планираните за овој период.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 253,2 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 6,3%, како резултат во најголем дел од повисоките материјални и административни трошоци. Планот е остварен со 97,0 %.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 81,5 милиони денари, како резултат на ефектот од влошување на состојбата на одредени комитенти од корпоративно кредитно портфолио.

Во првите девет месеци од 2021 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 0,4 милиони денари“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкав е уделот на Тетекс во добивката на ТТК Банка

ТТК Банка ќе исплати дивиденда

ТТК Банка со зголемена добивка во првите шест месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставен ја укина одлуката за ДУП-от во скопски Карпош со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа

Редакција

„Сковин“ во загуба од 117 милиони денари

Редакција

И по 13 години, изградбата на магистралните гасоводи не е целосно завршена и дел од нив не се ставени во употреба

Редакција