еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Материјали за учење за прво, второ, четврто и петто и учебници за останатите одделенија ќе има до 1 септември, велат од МОН

Учениците од прво, второ, четврто и петто одделение, за кои се во подготовка учебници по новите наставни програми, во првото тримесечје ќе учат од соодветни материјали и нив ќе ги добијат до 1 септември, велат од Министерството за образование и наука (МОН).

– Дистрибуцијата на новите материјали за учење кои ги подготви Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми е во тек и ќе се заокружи пред почетокот на учебната година, соопшти МОН.

Министерството нагласува дека материјалите за учење што ќе се користат додека бидат готови односно одобрени новите учебници се квалитетни и дека не се работи за скрипти.

-Учениците нема да добијат скрипти, туку материјали кои се квалитетни, креативни и го разработуваат наставниот материјал за првото тримесечје. Во меѓувреме, во тек се постапките за одобрување на нови учебници за овие одделенија и наставни предмети. Сите се во различна завршна фаза и етапно ќе бидат заокружувани, наведува МОН.

Министерството информира и дека паралелно со материјалите за учење за прво, второ, четврто и петто одделение, до училиштата се доставуваат учебниците за сите останати одделенија – трето, шесто, седмо, осмо и деветто и дека дистрибуцијата ќе заврши до крајот на утрешниот ден.

– Министерството за образование и наука упатува апел до раководствата на основните училишта да ги подигнуваат материјалите за учење и учебниците од просториите на општините и да организираат нивна распределба и доделување на учениците на првиот училишен ден, соопшти МОН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Настава ќе биде без антиковид-мерки, ќе доцнат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Во Македонија заболени од коронавирусот уште само 18 здравствени работници

Редакција

Османи ќе вложел напори во среда да биде во Скопје и да се обрати на собраниска Комисија за патоказот за договорот со Бугарија

Редакција

Грција загрижена за имплементација на Договорот од Преспа и ерга омнес употребата на новото име на Македонија

Редакција