еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Маж сакал да се самоубие, но „алфите“ го извлекле од водите на Вардар

Со интервенција на двајца припадници на специјалната единица „Алфи“, претпладнево беше спасен возрасен маж од водите на Вардар во Скопје.

Мажот околу 10 часот бил забележан во Вардар во близина на Камениот мост и била известена полицијата, а водите го повлекоа до пред зградата на Министерството за надворешни работи.

Двајца припадници на „Алфите“ влегоа за да му помогнат, а според информациите на МИА од терен, мажот давал отпор, не сакал да излезе и рекол дека сакал да се самоубие.

Кусо подоцна, мажот, сепак, беше изваден од водите на Вардар, без да биде повреден.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Засега нема официјална препорака за трета доза за вакцинираните со кинеската вакцина „Синофарм“

Редакција

(Галерија) Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска присуствуваа на „Галичка свадба“

Редакција

(Фото) Македонската бизнисменка Нина Шерифовска избрана за најуспешна жена на 21. век во регионот

Редакција