еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

МБА: Одложена отплата на кредити нема да има за сите корисници, само за оние кои имаат реална потреба

Банките ќе овозможат втор период на одложена отплата на кредитите само за клиентите кои имаат реална, неопходна потреба како на пример да останале без работа, имаат намалени месечни примања, високи трошоци за лекување и слично, соопштија од Македонската банкарска асоцијација (МБА).

– Вториот период на одложена отплата нема да ги опфати сите корисници на кредитни производи, туку оние коишто се соочуваат со реални потешкотии предизвикани од ковид-кризата, се наведува во денешното соопштение.

Детални информации ќе објави секоја банка на својата интернет-страница во најкус можен рок, а од датумот на објавата, клиентите ќе имаат рок до 10 дена да се изјаснат дали им е неопходен втор период на одложена отплата.

– Граѓаните се охрабруваат да пристапат до својата банка преку нејзината интернет-страница, или преку други канали за комуникација определени од банката, и да побараат да се вклучат во постапка за одложена отплата.

Притоа ќе треба да ја информираат својата банка за причините за одложување на отплатата: намалени приходи, изгубено работно место и/или настанати потреби за лекување во изминатиот период, по што овие барања ќе бидат соодветно разгледувани и за истите ќе се донесе одлука, појаснуваат од МБА.

Граѓаните ќе имаат можност да користат до шест месеци продолжување на рокот на отплата на кредитите, а доколку сакаат при променети, подобри услови, ќе можат да побараат од банката да се вратат на редовна отплата и пред истекот на периодот од шест месеци.

Периодот на одложена отплата на кредитите завршува на 30 септември.

Како што информираат од МБА, дел од клиентите одлучиле да се вратат во редовна отплата на кредитите, а сите други согласно Договорите за кредитните производи почнувајќи од октомври/ноември ќе продолжат со редовна отплата на обврските.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка: Банките можат да овозможат втор период на одложена отплата на кредитните обврски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во февруари раст на цените на овошјето, виното, рибата, лебот…

Редакција

Сите детали: Објавен огласот за финансиска поддршка за струја за лицата со ниски примања

Редакција

Цената на свинското месо се зголеми за 40 денари

Редакција