еМагазин
Image default
Македонија

Мијалков и Тачи на суд: Продолжува судењето за „Титаник 2“

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на вешт наод, изработен од економскиот вештак Величе Николовска од „Синопсис Скопје“, избран по случаен избор во договор со обвинителството и одбраната.

Судијата Огнен Ставрев, на претходното рочиште, информира дека со изведување на вештиот наод се исцрпува листата на докази и закажа уште две рочишта за 8 и 15 февруари, кога ќе бидат изведени завршни зборови на СЈО и одбрната.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цела Македонија останува во фаза 4, со широко-распространета трансмисија на Ковид-19

Редакција

Правници ќе кажат како ќе се контролира групирањето по домовите, вели Филипче

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти, а вкупно се лекуваaт 343

Редакција