Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациент поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 343 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало еден прием.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало исто така еден примен пациент и 13 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле биле примени 2 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 37 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациент со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 111 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти.
На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
Фото: МЗ