Денеска во Кривичниот суд од почеток стартуваше повтореното судење за случајот „Трезор”, а кој неодамна падна на Апелација, со што беше укината 8-годишната затворска казна на екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, пренесува Фокус.
По воведниот говор на обвинителот Артан Ајро, кој истакна дека останува на претходно поднесеното обвинение, обвинетите се изјаснија по прашањето дали чувствуваат вина.
-Разбрав за што се работи и можам само да се произнесам дека не се чувствувам виновен, изјави Мијалков.
Вина, како што рекоа, не чуствуваат ниту обвинетите Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски.
Предметот „Трезор“, го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, а се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мијалков и Тачи со помали казни за „Титаник 2“, сите обвинети добија по две години затвор
Судијата Енвер Беџети со месеци го “чувал“ предметот „Таргет-Тврдина“ за Мијалков во фиока
Кои се судиите кои ја укинаа пресудата на Мијалков за “Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување
Фото: МИА