еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Мали се шансите ВМРО-ДПМНЕ предизборно да коалицира со албанска партија

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека за претстојните предвремени парламентарни избори во коалицијата „Обнова на Македонија“ остануваат политичките партии кои беа дел од неа, како и дека преговараат со други политички партии кои се заинтересирани да бидат дел од коалицијата.

Не открива повеќе детали за тоа што преговараат и договараат со политичките партии и најави дека кога ќе има официјална коалиција ќе има заеднички договор и тој ќе биде презентиран пред јавноста.

„Во текот на следната недела ќе излеземе со повеќе детали. Политичките партии кои беа дел од коалицијата „Обнова на Македонија“ остануваат, но исто така има и политички субјекти кои преговараат со нас. Нашите позиции се јасни, принципиелни и од тие позиции отстапување нема. Го слушнавме ставот, барањата кои се од страна на различни политички субјекти кои преговараат со нас, ние ги презентиравме нашите позиции“, изјави Мицкоски.

Прашан дали ќе има некоја од албанските партии во нивната коалиција, Мицкоски одговори дека во моментов за тоа се мали шансите, а во коментар на денеска официјализраната коалиција меѓу СДСМ и БЕСА одговори „Со среќа нека им е“.

„Па, во моментов мали се шансите да има такво нешто предизборно, а постизборно рековме да почекаме да се случи најголемата победа во независна Македонија. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, „Обнова на Македонија“ со народот, а потоа доколку на политичка и проектна основа имаме какво било коалицирање со кој било политички субјект тука сме, подготвени сме да разговараме и да создадеме една коалиција“, рече Мицкоски.

Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со протестите, Мицкоски рече од СДСМ се исплашени и оти како изговор го користат корона вирусот.

„Најсреќни би биле исплашените од СДСМ да го користат коронавирусот како изговор за ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизира народот и претпоставувам дека тие молеа Бога да се случи сето ова за да може ВМРО-ДПМНЕ да не излегува заедно со народот и да протестира против она лицемерие кое денеска е секојдневие во Македонија, за жал“, рече Мицкоски.

На новинарско прашање истакна и дека се подготвува за утрешниот дуел со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Му посветувам должно внимание и серозно му приоѓам“, рече Мицкоски.

МИА/Фото/Фејсбук/Мицкоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) СДСМ и Беса ја создадоа првата македонско-албанска предизборна коалиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија напредна од „хибриден режим“ во „демократија со недостатоци“

Редакција

Вкупно 4.289: Од Ковид-19 починаа 27 лица

Редакција

Кабинет на Орбан: Европскиот парламент „го пика носот каде што не му е место“, Груевски ја спаси Европа од терористи

Редакција