Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека не гледа причина за натамошно учество на пратениците од партијата што ја предводи во Парламентот поради отстапувањето од политичкиот договор денеска да биде распуштено Собранието.
-Навистина не ја гледам повеќе потребата од учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Во текот на денов ќе имаме Извршен комитет, ќе разговараме на оваа тема и јавноста ќе биде навреме информирана за следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Мицкоски на новинарско прашање што ќе преземат со огледе дека не е прифатено нивното барање законодавниот дом да се распушти денеска.
Мицкоски порача дека не треба да се отстапува од постигнатиот политички договор за термините за распуштање на Собранието и за избори.
МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ