еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Новиот пакет мерки нема донесе ништо добро, туку ќе ја продлабочи кризата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција истакна дека четвриот пакет на мерки за спас на економијата презентирани денеска од страна на Владата, не само што е задоцнет и нема да одговори соодветно на потребите на македонската економија и граѓаните, туку напротив истиот тој дополнително ќе ја продлабочи и онака тешката состојба во државата.

„Четвртиот пакет мерки на мафијата во Владата е последниот обид за сламката за спас во услови кога економијата пропаѓа. Кога веќе се прави четврт пакет на мерки, треба да се види искуството од претходните три, а тоа е поразително и се вика ново дополнителни најмалку 40 илијади невработени за пет месеци минус, речиси 13 проценти намалување на бруто домашниот производ, рекорден во вториот квартал. Затоа, и четвртиот пакет на мерки е промашен обид да се дефокусира вниманието од вистинските проблеми. Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен“, рече Мицкоски.

Досегашните три пакети на мерки, посочи тој, беа лошо насочени и недоволни за да ги амортизираат ефекти од кризата и нивната единствена цел беше предизборен и институционален поткуп. Тој напомена дека потврда за тоа е фактот што покрај „платежните картички кои служија за изборен поткуп, манипулација, најголем дел од мерките за поддршка на стопанството и економијата останаа нереализирани“.

Мицкоски истакна дека резултатите од таквите погрешни политики се историски пад на индустриското производство, извозот, пад на економската активност во вториот квартал со индиции тој негативен тренд да продолжи до крајот на годината, зголемување на јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само еден квартал (вториот квартал), раст на невработеноста од 40 илијади лица со најава за дополнителни масовни отпуштања, тотален колапс на туризмот и многу затворени бизниси во државата.

„И наместо Владата енергично уште на првата седница да креира сет на мерки кои ќе значат вистинска поддршка за спас на економијата, гледаме продолжување на популизмот со неодговорно трошење на народните пари и немилорсдно изложување на државата.

Се потроши цел месец во кои илјадници граѓани дополнително се отпуштени од работа и многу бизниси ставија клуч на врата. Наместо Владата да се зафати со реализација на капиталните проекти кои ќе значат додадена вредност за економијата и подобри услови за живот на граѓаните, сведоци сме на историски најниска реализација на капиталните проекти,“ рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

МИА/Фото:Фејсбук/Мицкоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед на 31 мерка од новиот пакет на Владата за поддршка на економијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Заев: Европа мора да остане најсексипилна дама во светот

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за претседателката на Комисијата за избори и именувања

Редакција

Случајот „Плацови на Водно“ продолжува со сослушување на сведоци

Редакција