еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Само нелегитимен премиер може гласот на народот да го смета за нерелевантен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека консултациите што ги прави партијата за референдумското прашање течат и многу скоро на следната седница на Извршниот комитет ќе се разговара на таа тема и јавноста ќе ги знае нивните чекори за референдумското изјаснување.

-Коментирав дека имаме напредок во ставот на претседателот Пендаровски. Гледам дека и тој јавно застанува позади идејата за референдум.

Дури отиде и чекор понапред предложи текст на прашање и отприлика и двајцата конвергираме кон една таква суштина на тоа прашање.

Очекувам дека за разлика од Ковачевски тој ќе биде помудар и ќе излезе и ќе ги повика граѓаните но и останатите политички партии да го подржат референдумското изјаснување, рече Мицкоски.

Коментирајќи ја изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека референдумот ќе биде нерелевантен, бидејќи земјата почна преговори за влез во ЕУ, Мицкоски кажа дека тој е „нелегитимен премиер“ и оти колку е референдумот релевантен ќе се види во Тетово на 20 август кога ќе се гласа за советници.

-Само нелегитимен премиер поставен на начин на кој што е така поставен може гласот на народот да го смета за нерелевантен, а колку тој е релеватен ќе види овде во Тетово на 20 август кога советничката листа на СДСМ ќе доживее класичен дебакл од граѓаните на Тетово, а на следните парламентарни избори тој лично и неговите политики како нелигитимен премиер ќе доживеат дебакл од граѓаните на Македонија, изјави Мицкоски, кој денеска беше на состанок со партискиот огранок во Тетово со што започна кампањата за изборите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Референдумот што го предлага ВМРО-ДПМНЕ е нерелевантен, вели Ковачевски

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешните професионални војници ќе ги обезбедуваат болниците

Редакција

(Фото) Скопје се разбуди со снег

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за постоење на 20.000 двојни матични броеви  

Редакција