еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Kривични против функционери во БиХ, бидејќи не набавиле вакцини и го загрозуваат здравјето на граѓаните

Во Босна и Херцеговина e поднесена кривична пријава против највисоките политички функционери, вклучувајќи го и претседателот на Советот на министри, Зоран Тегелтија, под обвинение дека не ја извршиле службената должност во однос на осигурување и директна набавка на вакцини потребни за имунизација на населението од коронавирусот, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

„Нивната злоупотреба на службената должност резултира со неконтролирано ширење на заразната болест, смрт на голем брoј луѓе, ускратувајќи го правото на здравствена заштита на осигурениците во здравственото осигурување и колапс на здравствениот систем во Босна и Херцеговина“, пишува во кривичната пријава.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавна опомена од Македонската берза за Вабтек МЗТ и ГТЦ

Редакција

Не е разговарано за други интервенции во Уставот, освен внесувањето на Бугарите и други етнички заедници, тврди Маричиќ

Редакција

Учебната година ќе почне на 1 октомври

Редакција