еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Мицкоски се вакцинирал со сопругата, иако имал антитела со вредност од 1.198

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој пред неколку месеци прележа Ковид-19, за телевизијата Алфа изјави дека завчера се вакцинирал против вирусот.

Пред една недела се тестирал за антитела, а тестот покажал вредност од 1.198.

Вакцината ја примил во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, заедно со неговата сопруга, а на овој чекор се одлучил поради важечките епидемиолошки мерки во државата.

„Но, бидејќи сум лимитиран и не можам пристојно да се движам низ државата поради оние мерки коишто за мене лично се катастрофално глупави, отидов, се пријавив и се вакцинирав. Тоа не го направив пред камери, како што го прават поединци“, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Мицкоски се враќа во форма, откако прележа Ковид-19, се искачи на Водно

Мицкоски поправил прозорец на Инфективна, додека лежеше таму поради Ковид-19

Мицкоски за лекувањето од Ковид-19 на Инфективна: Ова што јас го преживувам не сакам да биде ничија реалност, бидејќи вирусов е страшен

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Како да го одмрзнете ветробранското стакло на возилото за 1 минута

Редакција

Биологот Џикиќ: Македонија ја чека тешка зима со полни болници и голема смртност, ако не се зголеми вакцинацијата

Редакција

(Видео) Даниловски: „Прашање на денови е кога бројот на заразени со Ковид-19 ќе достигне 1.000, но состојбата во регионот нема да се преслика кај нас“

Редакција