еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи какви било уставни измени

Силно ве уверувам дека ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи какви било уставни измени, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред почетокот на протестот за отфрлање на францускиот предлог за деблокада на евроинтеграциите на државава.

-Денеска ја добивме информацијата дека Владата одлучила преговарачката рамка и оној втор документ којшто претставува заклучоци на Советот коишто се практично дел од договорот којшто Владата на СДСМ и ДУИ го направила со официјална Софија го пренесле денеска во Парламентот иако не ја гледаме никој логиката зошто во Парламентот кога станува збор за меѓувладина односно Владата е таа која што носи одлука во сето ова.

Парламентот доколку донесе Владата одлука за што ние силно протестираме и велиме таа да биде не, тогаш е тој којшто одлучува, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи какви било уставни измени.

-Македонската јавност да биде сигурна дека што и да се случува понатаму со ова национално предавство и катастрофа која што ја подготвува Владата на СДСМ и ДУИ, ВМРО ДПМНЕ во Парламентот тоа нема да го прифати. За тоа се потребни 80 пратеника, бидете сигурни дека тие 80 пратеника ги немаат и тоа треба на сите да им е јасно и во Македонија и надвор од Македонија, рече Мицкоски, порачувајќи воедно дека нема да наседнуваат на провокации на протестите.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали пратеницте од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставни измени, рече дека „такви предавници во овој состав на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата нема“.

-Јас ве уверувам, и спремен сум за тоа да гарантирам, потенцира Мицкоски.

Тој рече дека „Владата е група на кукавици која што се плаши самата да донесе одлука па го пренесува тежиштето во Парламентот, иако Парламентот нема никаква формална нормативна улога и дополнително го поларизира народот, дополнително создава нервози и фрустрација“.

-ВМРО ДПМНЕ ќе делува согласно стратегијата која што ќе ја договориме, а стратегијата е да сториме се  да му објасниме на народот во Македонија дека ова не е неговата иднина, дека ова е предавство кое што напротив ја стопира нашата иднина во обединета Европа, изјави Мицкоски и најави дека стратегијата ќе ја договорат деновиве.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предлог преговарачката рамка, без Протоколот, стаса во Собранието, седница се уште не е закажана

Владата ја достави предлог-преговарачката рамка до Собранието, Протоколот не го спомнува

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Засега нема рестрикции, за викенд ќе се знае дали и какви мерки ќе се преземат

Редакција

Левица поднесе иницијатива за инспекциски надзор за утврдување на законитоста на споменикот на ОНА во Слупчане

Редакција

„Интрасофт интернешнл“ го доби тендерот на Царинската управа за информатички услуги вреден 652.000 евра

Редакција