еМагазин
Image default
Балкан

Мицотакис ги повика Грците задолжително да се вакцинираат

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, повторно застана во одбрана на задолжителната вакцинација за одредени групи од населението, повикувајќи се на членот 25 од грчкиот Устав.

За време на дискусијата со грчката претседателка Кетрин Сакеларопулу пред претставниците на медиумите за динамиката на вакцинирање во Грција, Мицотакис и претседателката се согласија дека е потребно мнозинството грчки граѓани да бидат вакцинирани.

Премиерот истакна дека распространетата делта варијанта на коронавирусот е позаразна од оригиналниот вид, поради што „сега е поважно од кога било порано сите Грци што тоа можат да го сторат и да се вакцинираат“.

– Државата има право да бара од сите граѓани да дадат свој придонес и на тој начин да демонстрираат социјална и национална солидарност, истакна Мицотакис, повикувајќи се на членот 25, став 4 од грчкиот Устав.

Тој рече дека пандемијата е битка во која „оваа генерација мора да победи“ и истакна дека е морална обврска на секој граѓанин да се вакцинира и со тоа да изрази индивидуална одговорност во заедничката борба против вирусот.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова осуда за косовските власти од ЕУ за предизвикување тензии на северот на Косово

Редакција

Фабрика за мебел го направи Врање ново жариште на коронавирусот во Србија

Редакција

(Видео) Бугарскиот европратеник Ковачев се потсмева со резолуцијата на германскиот Бундестаг за македонскиот јазик и култура

Редакција