еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Медицински отпад, картонски и пластичен смет расфрлан низ гробиштата во Бутел

Медицински отпад, картонски и пластичен смет расфрлан низ гробиштата во Бутел, ова е моменталната состојбата на гробиштата во Бутел, во реонот на православните гробови во Алеа 2, вели граѓанката Искра Крстевска, која до редакцијата на „еМагазин“ испрати фотографии.

„Расфрлан медицински отпад помеѓу гробните парцели, искористени шприцеви, игли, стаклени шишенца, амбалажи од антибиотици, гази, памук, шишиња за инфузии…

Од другата страна, купишта картонски и пластичен смет и остатоци од исушени гранки до висина од еден метар, кои ги попречуваат патеките, кои ги поврзуваат гробните парцели.

Дали ние граѓаните на Скопје, кои одиме да изразиме почит кон нашите најмили, кои заминаа од овој свет заслужуваме ваков потресен призор, иако, секој од нас редовно плаќа гробарина за одржување на гробиштата на Акционерското друштво за погребни и придружни активности Бутел?,“ прашува Крсевска и додава дека на нивната веб-страница стои:

„Гробарина е надомест за одржување на гробиштата. Одржување на гробишта е тековно и инвестиционо одржување на комуналната инфраструктура и придружните објекти на гробиштата.

Одржувањето на надгробниот споменик на гробното место го врши носителот на гробното место.

Носителот на гробното место се обврзува редовно да плаќа гробарина на управителот на гробиштата заради одржување на гробиштата. Цената на гробарината годишно изнесува 320 денари, со можност да се плати однапред за наредните 5 години“.

Ако ние, кои ги посетуваме гробовите на нашите блиски ги почитуваме правилата на Бутел, секој сам да се грижи за одржување на надгробниот споменик на гробното место, за кој платил предходно и бездруго огромна сума пари, и за кој еднаш годишно плаќа гробарина, тогаш зошто тие, со средствата кои им ги уплаќаме на нивна сметка, не се грижат за комуналната инфраструктура на гробиштата, како што и самите напишале дека се обврзуваат?!

И зошто се навикнавме на оваа состојба, проблемите да се провлекуваат години наназад без да се превземе одговорност и да се сменат работите на подобро?!,“ прашува Крстевска.

Фото: Искра Крстевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Пожар во зградата на Секретаријатот за европски прашања и МИА

Редакција

Осигурениците нема да плаќаат партиципација за здравствени услуги поврзани со Ковид-19

Редакција

Владата го одобри „францускиот предлог“, во вторник прва меѓувладина конференција во Брисел

Редакција