еМагазин
Image default
Локално

Микробиолошки неисправна водата од каптажата на изворот Студенчица

Институтот за јавно здравје информира дека примерокот на вода за пиење земена од мерно место каптиран извор Студенчица, сирова нехлорирана е микробиолошки неисправна заради наод на колиформни бактерии и на Psevdomonas deruginosa.

Во однос на останатите анализи, паразитолошка, физичко-хемиска и анализа на резидуи на пестициди, одговара на законските норми.

Од РЦУК – Кичево истакнуваат дека водата за пиење иако бактериолошки е неисправна на каптажата од изворот Студенчица, сепак, сите градови и поголеми населени места поседуваат станици каде што се хлорира водата и по овој процес водата е целосно бактериолошки исправна и може да се користи како за пиење така и за готвење.

Од изворот Студенчица со вода за пиење се снабдуваат околу 160.000 жители од југозападниот дел од земјава, како и РЕК „Осломеј“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подмолно му ја украл пензијата од раце на скопјанец

Редакција

Откриени 19 „полни“ мрежи на рибокрадци во Охридското Езеро

Редакција

Трагедија кај Гостиварско: Еден починат и двајца повредени во сообраќајна несреќа

Редакција