Најпознатиот македонски режисер Милчо Манчевски на својот Фејсбук-профил сподели фотографија на која што може да се види како лице во инвалидска количка е присилено да се движи на улица поради паркирани автомобили на тротоарот во централното градско подрачје на Скопје.
„Криви се Бугарите. И Грците. И Тито. И пусто турско. И ЕУ. И вакцините. И 5Г. И како тоа ти не’ прикажуваш!“, напиша Манчевски под постот.
Фотографијата масовно се споделува на социјалните мрежи.
Фото: Твитер
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.