еМагазин
Image default
Свет

Милијардерите во светот имаат повеќе пари од 60% од населението на планетава

Во светот има 2.153 милијардери кои располагаат со повеќе пари од 60 отсто од населението на планетата. Тоа го соопшти Оксфам, кои нагласуваат дека концентрацијата на богатство ги погодува посебно жените.

-Јазот меѓу сиромашните и богатите не може да се надмине без насочени политики за борба против нееднаквостите. Владите мора да обезбедат богатите и деловните субјекти да го платат својот фер удел во даноците, рече Амитабх Бехар, претставникот на Оксфам за Индија, кој ќе ја претставува невладината организација на Светскиот форум во Давос оваа година.

Годишниот извештај на Оксфам за нееднаквост традиционално е објавен непосредно пред отворањето на Светскиот економски форум во Давос, каде традиционално се среќаваат претставници на економската и политичката елита.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ го суспендираше договорот за визно олеснување со Русија: Ќе плаќаат поскапо, ќе им требаат повеќе документи и ќе чекаат

Редакција

Почна извозот на жито од Украина

Редакција

Сушите уриваат рекорди: Пресушија делови од реката Јангце, нема врнежи во голем дел од светот, ќе имаме се потопло време

Редакција