еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за интерпелација на вицепремиерот Димитров

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за интерпелација на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, информираше пратеникот Антонијо Милошски.

„По однос на Интерпелацијата за заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров имаме неколку основи.

Првиот основ којшто е многу сериозен е неговото непочитување на Собранието. Никола Димитров е еден од ретките министри во Европа, со исклучок на министерот можеби во Белорусија, којшто не се одзива на покани на пратениците во Собранието“, изјави Милошоски.

Како втората причина за интерпелација на Никола Димитров, Милошоски го наведе неговиот „неуспешен исход во изминативе 100 дена, но и во изминативе 2 ипол години во континуитет.“

Како трета причина тој ја истакна „пасивноста на Секретаријатот за европски прашања.“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Димитров за информациите дека бил „заштитен извор“ на Американците: Ми извадиле стари информации

Редакција

Бугарија на Илинденското востание му даде целосно бугарски карактер, Македонија молчи

Редакција

Малолетникот кој со „БМВ Х6“ удри во хирургот Јота оди во куќен притвор и остана без пасош

Редакција