Претседателот на Албанија, Илир Мета, го одликуваше министерот за односи со дијаспората, Едмонд Адем со титулата ”Витез на редот на Скендербег”, титула со која се дава посебна почит кон вредниот придонес во работата и соработката со дијаспората.
Адеми, како што соопштуваат од неговиот Кабинет, ја истакнал важноста и задоволството од ова одликување и ја потенцирал важноста на Самитот за дијаспора преку компарација на истиот со собранието Лежа од пред 575 години.
„И овој втор Самит е во некоја форма собрание, ако пораката во тоа време беше политичко-воен сојуз за слобода, пораката на овој Самит е сојуз со дијаспората со цел да се изградат мостови на соработка за економски, културен, социјален и политички развој на Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Косово“, рекол меѓу другото во своето обраќање Адеми.
Адеми престојуваше во Албанија, каде учествуваше на Самитот на дијаспората.
Фото: Фејсбук/Адеми