еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерот за правда Лога го потпиша решението со кое се одбива користењето на името Иван Михајлов

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се одбива употребата на името Иван Михајлов за истоименото бугарско здружение од Битола.

Ваквата одлука на министерот уследи откако денеска Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употребата на името Иван Михајлов.

– Министерот Лога го потпиша решението имајќи го предвид негативното мислење на Комисијата за употреба на имиња на личности која денеска одржа седница и во образложението за негативното мислење наведе дека именувањето на какво било здружение на граѓани со името Иван (Ванчо) Михајлов претставува навреда и провокација на националните чувства на македонскиот народ со оглед на неговото јавно и постојано негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура. Величењето и славењето на неговиот лик и дело предизвикуваат нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Оттаму додаваат дека во член  9-а од Законот за здруженија и фондации за употреба на име, презиме, псевдоним, прекар, кратенка или иницијали на личност, наведено е дека согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење од Комисијата за употреба на имињата на личности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот клуб не може да се вика “Иван Михајлов“, одлучи владината Комисија, на потег е министерот за правда

Одбиено барањето на бугарското здружение „Цар Борис Трети“ за усогласување со законските измени

Фото: Фејсбук/Иван Михајлов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Највисоки просечни нето-плати во ноември

Редакција

Во Србија од утре полициски патроли во близина на секое училиште и на сите јавни места

Редакција

54-годишен скопјанец се самозадоволувал во автобус на ЈСП

Редакција