еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Министерот Сали уверува дека проблемот со термините за мамографија ќе се реши од јануари

Децениското нерационално инвестирање во здравствената опрема, неправилната распределба на услугите, со што пациентите од другите градови се принудени да патуваат во Скопје и застарената опрема, се причините што министерот за здравство Беким Сали денеска ги наведе откако беше прашан зошто нема ниту еден термин за мамографија во шесте јавни здравствени установи по објавата на МИА.

– Потпишан е договорот за инсталација на најсовремена опрема во најмалку 12 јавни здравствени установи. Од јануари нема веќе да разговараме дали има термин за мамографија во другите градови, изјави Сали, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на ГОБ „8 Септември“.

Според премиерот Димитар Ковачевски, кој исто така присуствуваше на отворањето на новиот дијагностички центар за магнетна резонанца, здравствените услуги во државата може да се подобрат многукратно.

– Системот треба да функционира и да пружа најбрза услуга. И јас сум имал болни од рак во моето семејство и сме поминувале процес на чекање, но низ тие лични искуства ќе сфатите дека тие кои се задолжени за управување со системот треба да работат на негово унапредување.

Ние во државата имаме врвни доктори, имаме опрема што е на врвно ниво, но тоа што на нас ни фали е воспоставување на систем кој ќе работи за граѓаните, порача Ковачевски.

Неговата визија е државата да стане членка на Европската Унија и да им овозможи живот на сегашните и идни генерации со животен стандард на европско ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Термин за мамографија во Скопје нема во наредните три месеци, жените принудени проверка за рак на дојка да прават во приватните клиники

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чаир повторно прв: Активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

„Кокра е арт-1“ од село Порој го доби тендерот на Агенцијата за стоковни резерви за набавка на јачмен вреден 421.000 евра

Редакција

Минатата недела двајца починати од Ковид-19

Редакција