еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерство за правда подготвува ново барање за екстрадиција на Груевски

Министерството за правда подготвува нов допис за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија, најави министерот Кренар Лога.

Министерот нагласи дека во образложението на барањето за екстрадиција ќе пишува дека Груевски казната ќе ја одлежува во т.н. „хашките ќелии“, кои ги исполнуваат пропишаните условите, од причина што азилот во Унгарија го добил брз основа на тврдењето дека земјава „нема добри услови во затворите за таа категорија осуденици“.

– Груевизмот нема да избега од Македонија додека овој човек и луѓето околу него и тој дух не ја добијат заслужената казна. Во моментов подготвуваме писмо со барање за негова екстрадиција за девет други кривични дела, за кои тој е обвинет и има меѓународна потерница.

Во горенаведеното писмо, дадов сугестија да се напише дека Македонија ги исполнува условите за категоријата личност како Груевски, бидејќи истиот тој градел ќелии во притвор и во затвори, т.н. „хашки ќелии“, кои ги исполнуваат сите стандарди и верувам дека со овие докази ги исполнуваме стандардите за неговото третирање како специјален затвореник и сметам дека треба да биде екстрадиран од Унгарија, рече министерот Лога во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработените сами да го платат: Стопанската комора повторно побара задолжително брзо тестирање во приватниот сектор

Редакција

Не бил вакциниран: По три месеци во Велес прв случај на починат од Ковид-19

Редакција

Заев побара оставка од директорот на затворот „Скопје“, Ѓоко Котевски

Редакција