еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерството за правда бара Судскиот совет да ги утврди околностите во кои е донесена укинатата пресуда за организаторите на 27 април

Очигледно е дека намерните или ненамерните пропусти за суштествени повреди и натаму остануваат дозволива пракса за некои судиим оцени денеска Министерството за правда во својата реакција за укинатата пресуда за организаторите на случувањата на 27 април.

– Затоа, неопходно е веднаш да се добие соодветен одговор, зошто ова се дозволува во континуитет, односно зошто во првостепената пресуда не биле утврдени сите спорни околности, ниту битни факти поврзани со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, се наведува во соопштението.

Министерството, како што истакнува, со најдобра намера го повикува Судскиот совет веднаш да реагира и да преземе мерки за утврдување на околностите врз основа на кои е донесена пресудата, да се поведе постапка вклучувајќи ја и дисциплинска ако се утврди дека некои свесно или несвесно со своите постапки дозволиле довербата во правосудниот систем да падне на најниско ниво.

Реакцијата на Министерството следи откако Апелациониот суд Скопје денеска ги уважи жалбите на обвинетите и ја укина првостепената пресуда, а предметот „Организатори на 27 април“ го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Организатори на 27 Април“, случајот вратен на повторно судење

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската фолклорна група од Пустец настапи пред учесниците на самитот на Берлинскиот процес

Редакција

Граѓански протест пред фабриката „Пејпр мил“ во Кочани, побарана ревизија на А интегрираната еколошка дозвола

Редакција

Колку изнесува највисоката просечна бруто плата во март?

Редакција