еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мирно заврши вечерашниот протест против „францускиот предлог“

По деветти пат под мотото „Ултиматум, не благодарам“ граѓаните денеска пред Собранието го изразија револтот против францускиот предлог.

На вечерашниот протест, имаше зголемено присуство на полицијата на плоштадот Скендербег.

Протестот започна пред Владата, продолжи кон Министерството за надворешни работи каде учесниците побараа оставка од министерот Бујар Османи.

На улицата пред зградата на МНР тие испишаа графити „Македонија не е на продажба“, а потоа се упатија кон Собранието.

Меѓу граѓаните беа и членови на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои јавно ги поддржуваат протестите.

Протестот продолжува и утре во 19 часот пред Влада.

МИА/Фото: Фејсбук/Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во СЈО за шест месеци имало три нови вработувања

Редакција

Стево Пендаровски професионално: Од советник на Црвенковски и Трајковски до кандидат за претседател

Редакција

Пратеникот на СДСМ Костовски не пријавил дека жена му се вработила во МНР, од Антикорупциска казнет со 150 евра

Редакција