еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Мишел од Блед порача дека до 2030 година ЕУ треба да биде подготвена за ново проширување

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел попладнево од Бледскиот стратешки форум порача дека до 2030 година Европската унија мора да биде подготвена за ново проширување.

Ова, според Мишел, треба да биде еден од главните предизвици на Унијата. Следното проширување, вели тој, треба да се предвиди во новиот буџет на Европската комисија.

Мишел предлага да се воведе „confidence clause“ за земји што влегле да не блокираат земји кои сакаат да влезат.

Земјите аспиранти, според Мишел, треба да го почитуваат владеењето на правото, да се борат против корупцијата и криминалот и да ги спроведат реформите.

На панелот учествуваат премиерите од Западен Балкан (Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово), како и премиерите на Хрватска и Бугарија.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украина ја загуби контролата врз системот: Радијацијата од Чернобил зголемена за седум пати

Редакција

Путин го обвини НАТО дека учествува во војната во Украина со испораката на оружјето

Редакција

Во јули годишен раст од 11,1% на депозитите и од 5,8% на кредитите

Редакција