еМагазин
Image default
Локално

Мистериозен случај: Еден застрелан во нога, двајца повредени

На 16.04.2020 околу 14.00 часот во Полициска станица Петровец, Е.Л.(39) од с.Чифлик, скопско, кој бил повреден во ногата, пријавил дека во 13.45 часот на место викано „Шамак“, во атар на с.Петровец, скопско, по претходна меѓусебна расправија, Х.С.(19) од с.Петровец, со пиштол му пукал во ногата, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото на настанот каде бил пронајден Х.С., со повреда на главата од тап предмет, кој изјавил дека бил нападнат од Е.Л., кој потоа сам си пукал во ногата.

На Е.Л, Х.С. и неговата сестра Ф.С., за која не е познато како се здобила со повреди, им е укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сообраќајна несреќа кај Пинтија загинаа две лица, телата предадени на обдукција

Редакција

Дивоградби во Охрид на секој чекор: Во заштитениот појас 409 нелегални градби

Редакција

Само во Македонија: Му продале стан во Струга кој не бил во нивна сопственост

Редакција