еМагазин
Image default
Локално

Викендаши го преплавија Дојран: Не се почитуваат мерките на општинскиот кризен штаб

Велигденските празници во Дојран, покрај локалните жители, ќе ги поминат голем дел од сопствениците на викендици со своите семејства, кои и покрај препораките за седење дома, во текот на денешниот ден пристигнаа во своите викендици.

Ова го истакна градоначалникот на Дојран, Анго Ангов и посочи дека гости има во околу 75 отсто од викендиците во Дојран или дојдени се за празниците околу 3.000 гости кои не ги почитувале препораките за седење дома од причина што миграцијата од град во град е една од опасностите за ширење на вирусот Ковид-19.

Ангов изрази огорченост од фактот што голем дел од викендашите, денешното убаво време го користеле за шетање по рекреативната патека долж езерото, не почитувајќи ги мерките на Општинскиот кризен штаб со кои патеката е забранета за употреба, а со тоа ниту владините мерки за заштита на населението од ширење на корона вирусот.

Дојранскиот градоначалник упати апел до рекреативците и гостите да ја напуштат патеката која беше заградена со ленти, но очигледно недисциплинираните гости тоа нема да го сторат до почетокот на полицискиот час.

МИА/Фото: Општина Дојран

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Прилеп тројца новозаболени од корона вирусот, вкупно заразени 103 лица

Една корисничка и две вработени во Дом за стари лица во Куманово позитивни на коронавирусот

Mиењето раце е подобра превентивна мерка за инфекција од коронавирусот отколку носењето на ракавици за еднократна употреба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Спасени лица и возило заглавени во снег кај Пониква

Редакција

77-годишна неподвижна старица загина во пожарот во Требеништа

Редакција

Кичевец си зел кредит со злоупотреба на лични податоци на болен човек

Редакција