еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Мистериозниот град под калето“: На скопска тура за незаборавна авантура

На 26 јули (понеделник) во 9 часот пред Триумфалната капија, ќе започне обиколка на Скопје.

„На нашата обиколка на „Мистериозниот град под калето“ го покануваме секој кој сака да патува во времето. Временската машина е самата книга, а наши водичи се кои други, ако не Александра Тодоровиќ и јунаците кои живеат во нејзината книга.

Заедно со нив ќе се качиме во автобусот на Триумфалната капија и ќе се упатиме на Кале. Оттука ќе одиме во Мустафа-пашина џамија и Св. Спас. За сè да биде позабавно, ни треба мал одмор во Старата скопска чаршија за да се напиеме лимонада и да пробаме од вкусните бонбони во најпознатата продавница за слатки.

Па на ред ќе дојдат Чифте Амам и Сули ан, а во меѓувреме не само слатктите, туку и игрите чекаат на нас! Иако патуваме назад во годините – игрите си постоеле отсекогаш!

Се впуштаме во забавна авантура каква што досега немало. Барем така мислиме. Можеби имало во минатото. За да знаеме што се случувало некогаш, мора тоа да го доживееме сега! Затоа дојдете во понеделник на нашата скопска тура,“ велат организаторите на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Купи километри на Skopje Run 10K за себе или за десетиците амбасадори затоа што #СекојКилометарЗначи за СОС Детско село

Редакција

(Фото) Два нови видови полжави откриени во водите на изворите кај Св. Наум

Редакција

Автомат клубовите „Адмирал“ донираа медицинска опрема вредна 20.000 евра на Општата болница во Гостивар

Редакција