На 26.05.2020 во 18.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Табановце имало лице кое лежи покрај патот, информира МВР.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за лице мигрант од Авганистан на возраст од околу 15 години, кој имал повреди на ногата.
Тој бил пренесен во Општата болница Куманово каде му била констатирана прострелна рана во десна потколеница и му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.