еМагазин
Image default
Локално

Струмичанка хоспитализирана откако се породила дома, бебето го нема

На 03.03.2019 околу 23.30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко, информира МВР.

По извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила. Полициски службеници извршиле разговор со неа, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување.

На прегледот присуствувале Јавен обвинител и лекар, а увидот ќе биде завршен во текот на денот. Исто така, полициски службеници извршиле разговор со родителите на девојката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Актерот Милан Тоциновски е човекот кој двајца Кинези го бркаа со сатар низ скопска Лептокарија

Редакција

Обид за убиство: Зет го застрелал таткото на невестата

Редакција

Починат маж пронајден на патот Кичево-Демир Хисар

Редакција